Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Најмалку седуммина загинати во бомбашки напад


Најмалку седум лица загинале, а околу 50 се повредени од кои десетина тешко во самоубистевниот бомбашки напад извршен изутрината во еден патнички автобус во Ерусалим. До нападот доаѓа еден ден пред расправата во меѓународниот кривичен суд во Хаг околу легалноста на израелското градење зид што ќе ги одвојува израелците од палестинците на Западниот Брег за да се спречат самоубистевни напади. Нападот изутринава го оправдува градењето на овој зид изјави денеска израелскиот министер за внатрешни работи Силван Шалом.
XS
SM
MD
LG