Достапни линкови

Тетово: Три лица убиени во оружен инцидент


Три лица се убиени, а четворица се тешко повредени од засега непознати вооружени напаѓачи во угостителскиот објект Пирамида кај Мала Речица. Како што јави Македонското Радио врз убиените и повредените било стрелано од возило на такси компанија од Тетово. Тројца од ранетите се задржани на лекување во тетовската болница , а најтешко повредениот Систим Рамадани кој се здобил со повреди на главата и рбетот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. МВР го потврди случајот, но засега не соопштува други детаљи.
XS
SM
MD
LG