Достапни линкови

logo-print

На ред одбраната


Судскиот процес против Слободан Милошевиќ во Хаг започна во фебруари 2002. Две години подоцна обвинителството го изгради случајот против поранешниот југословенски претседател обвинет за крвавите балкански војни во 90 те години на минатиот век. Судењето со одбраната на Милошевиќ продолжжува а посматрачите се осврнуваат на тоа како е изградено и презентирано обвинението и како е процесот примен во Србија.

По две години, 300 денови изминати во судот во Хаг и 300 сведоци случајот Милошевиќ како прв бивш претседател на некоја држава обвинет за воени злосторства е комплетиран што се однесува до обвинителството. Овој судски процес се смета како најзначаен од времето на судењето на нацистичките лидери по Втората Светска Војна во Нинберг. На Слободан Милошевиќ му се суди за неговата улога во војните во Хрватска, Косово и Босна односно за воени злосторства и геноцид. Џудит Армата од Коалицијата за Меѓународна Правда независна група која го набљудуваше судењето смета дека Обвинетелството има добар процес за одговорноста на Милошевиќ.

„Сметам дека Обвинителството направи добра работа во презентацијата на криминалната база на случајот. За неговата лична одговорност за улогата како главен играч на Балканот во 90-тите години се дадени кредибилни докази.“

Џудит Армаат смета дека е понуден доказ дека Милошевиќ ги контролирал србските сили и југословенските институции. Од друга страна кога станува збор за доказите за геноцид таа вели дека случајот е помалку јасен.

„Од доказите што ги видовме на јавните сесии јас не видов доказ за геноцид. Тие треба да покажат дека Милошевиќ сакал во целина или делумно уништување на босанскиет муслимани. На јавните сесии тоа не го видовме.“

Имено, многу од сесиите се одржаа зад затворена врата. Судењето беше предвидено да заврши до 2005 година, но веријатно поради низата одложувања поврзана со болеста на Милошевиќ ке биде продолжено и години потоа. Според аналитичарите, пак Милошевиќ и покрај лошото здравје ужива во јавноста на судењето. Како на тоа се гледа во Србија. Иако тој веќе не интересен, според српската новинарка Лилјана Смајловиќ за некои Слободан Милошевиќ му ја кажува на светот и другата страна на вистината. Според реномираниот белградски адвокат Срѓан Поповиќ и покрај српската сентименталност популарноста на Милошевиќ нема да расте.

„Не мислам дека ке расте, бидејки обвинителството понуди многу повеќе докази одколку што ке понуди одбраната на Милошевиќ. Сметам дека ке се случи нешто неочекувано од одбраната како фабрификувани докази и лажни сведоци ке се појават и светот тоа ке го види. И ние сите ке видиме дека нешто не е во ред со доказите.“
XS
SM
MD
LG