Достапни линкови

Нема простор за радикализација на почитичката сцена


Нема простор за сероизна радикализација на политичката сцена, пред се станува збор за политички маркетинг на ДПА, што е и случај со опозиционите партии на Албанци, бидејќи тие кога се во опозиција им се намалува рејтингот, оценуваат експертите од областа на политичките и правни науки во контекст на протестите на ДПА поради несогласување со владиниот предлог за границите на општините во рамки на град Скопје:

„Актуелните настани покренати од ДПА укажува дека оној модел што е теоретски обработен, пред се во сличните општества е применет и кај нас, односно кога паѓа рејтингот на една политичка партија, таа се обидува спас да најде во политичка мобилизација,“

изјави Горги Иванов, професор по политички теории на Правниот факултет. Професорот пак по државно уредување на Педагошкиот факултет Осман Кадриу оценува дека несогласувањата на политичките фактори во конкретниов случај ДПА, со понудениот владин предлог за територијална поделба, не можат да доведат до некој сериозен радикализам генерално на политичката сцена. За начинот на изразување на незадоволството по пат на протести Кадриу вели:

„Не гледам нешто загрижувачко, тоа е една форма на изразување на нивното мислење по однос на измените на законот за територијална поделба на Република Македонија, така што не гледам радикализам или пак можност овие протести да предизвикаат други реакции од пошироки размери. Сигурно има и политички маркетинг.“

Најчесто, истакнува Иванов, ваквите обиди завршуваат без успех:

„Такви случаи имаме секогаш и сите неславно завршуваат, ги покренуваат емоциите кај населението. А, од друга страна, добро е Џафери да го прочита Охридскиот договор, каде што во основните начела пишува дека нема територијализација на етнички барања, а нивните барања, сега се воспоставување на етнички граници. Така што, во одредбите е тоа чисто, меѓутоа сега е на политичарите и на овие меѓународни фактори што ги имаме во државата да го кажат своето. Вообичаено, такви ситуации, ова е пред се насочено кон нивниот ривал, за да се појави радикализам и кај другата страна, за да го оправда нивното однесување и тоа да им го покажи рејтингот кај локалното население пред изборите.“
XS
SM
MD
LG