Достапни линкови

logo-print

Главни причини, големата невработеност, сиромаштијата и присуството големи количества оружје


Разбојник ограби експозитура на банка во Скопје. Во Тетово група вооружени лица среде бел ден ранија поштар за да му ја одземат чанатата.Во Битола се притворени насилниците што избодеа момче. Ова се само дел од податоците што се регистрирани во рок од една седмица во полициските служби. Примери слични на овие стануваат дел од секојдневие на македонските граѓани, предупрдуваат екпсерите.

„Пријавениот криминалитет е зголемен, за околу 50 насто, во споредба со неговото ниво од деведесетите години.“

вели Професор Виолета Чачева од институтот за социлошки истражувања.

„Притоа, особено пораст бележат имотниот криминалитет и насилничкиот криминалитет. Пораст од тешки телесни повреди, тешки кражби, разбојништва, што значи дека порастот на одредени области на криминалитет се бележи со пораст на насилство.“

Таквата тенденција таа ја објаснува како тенденција на негативните промени и случувања во општеството во изминатата декада:

„Имаме енормно зголемување на невработеноста, осиромашување на населението и конфликтот во 2001 покажа дека има огромно количество оружје, овие негативни процеси предизвикаа и зголемување на криминалитетот.“

Во тој контенст таа вели дека елиминирање на криминалот во основа подразбира остранувањето на причините што го продуциираат:

„Осиромашувањето, невработеноста, се појави коишто на општо ниво се изразито застапени, а на индивидуално ниво предизвикуваат разни фрустрации и реакции кај луѓето, па резултираат со негативни реакции.“

Во истовреме таа посочува дека е неопходно под контрола да биде ставено оружјето. Имајки ги наум резултатите од акцијата за разоружување што беше ораганизирана со таква цел таа заклучува.

„За жал акцијата за разоружување не е до крај успешна, така што треба постојано да се работи на тоа поле, да дојде до разоружување и до елиминирање на оружјето што го поседуваат граѓаните и во таа насока да дојде до намалување на криминалитетот.“
XS
SM
MD
LG