Достапни линкови

Рим: Состанок на европските партии на зелените


31 партија со зелена орјентација во Европа го започнаа дводневниот состанок во Рим со цел да биде формирана обединета Европска партија на зелените. Тоа ќе биде прва партија која ќе дејствува во цела Европа и која ќе има заедничка кампања за јунските избори за Европскиот Парламент. Се очекува водечка улога во партијата да има германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер.
XS
SM
MD
LG