Достапни линкови

Хаити: Разговори за запирање на конфликтот


Дипломати од Соединетите Држави, Франција, Канада и од други земји денеска имаат одвоени разговори со владата на Хаити и со опозицијата за запирање на конфликтот во таа земја. Поради насилствата, во кои досега загинаа 60-тина луѓе, странските државјани масовно го напуштаат Хаити. Соединетите Држави побараа од претседателот Жан Бертранд Аристид и од опозиционите лидери да формираат нова преодна влада и да се разоружаат уличните банди, со што би прекинале насилствата.
XS
SM
MD
LG