Достапни линкови

УНМИК и натаму го разгледува барањето на македонските власти


Случајот со командот Авдиљ Јакупи - Чакала кој на 30 јануари се предаде на американската војска во Косово е во рацете на министерството за правда. Од министерството за внатрешни работи информиараат дека тие ја имаат завршено процедурата за која се надлежни и оти случајот е предаден во министерството за правда кое треба да ја подготви документацијата и да го даде крајниот збор за поднесување барање за негова екстрадиција во Македонија. Од министерството за правда само пак сеуште нема одлука. Тие информираат оти постапката за подготвување на екстрадиционо барање е во тек. Инаку, Авдиљ Јакупи е обвинет за киднапирање на двајца припадници на полицијата и минирање на пругата кај кумановското село Ваксинце. Министерството за правда пак кон крајот на јануари поднесе барање за екстрадиција на Џемаил Хисеини кој се предаде на КФОР на почетокот на декември минатата година:

„Во министерството за правда е завршена процедурата за екстрадиција на лицето Хисеини Џемаил. Од наша страна, потпишано е барањето, односно молбата за екстрадиција и испратена е по дипломатски пат, преку МНР до другата страна,“

изјави Мирјана Илиева. Од УНМИК пак информираат дека тие го разгледуваат барањето за екстрадиција доставено од македонските власти.

„Џемаили Хисеини е во притвор до 10 март, процедурата за неговата екстрадиција се разгледува пред мегунаредн суд и случајот го води мегународен обвинител. Екстрадиционата процедура мора да се спроведе за да се почитува правната рамка,“

изјави Мираж Синг од Одделот за правда при цивилната власт Обединетите нации на Косово. Првично притворот за Хисеини беше до 10 февруари, а потоа е продолжен до 10 март. Од УНМИК објаснуваат дека за продолжување на притворот надлежен е судот пред кој се води екстрадиционата постапка и сето тоа е во согласност со правните норми.

Откако УНМИК ке ги одобри екстрадиционите барања во постапката повторно се вклучува Министерството за внатрешни работи, поточно македонскиот Интерпол кој го договара начинот на превземање на лицата од Косово во Македонија.
XS
SM
MD
LG