Достапни линкови

Никозија: Продолжуваат клучните преговори меѓу лидерите на кипарските Грци и Турци


Во Никозија под покровителство на Обединетите Нации продолжија клучните преговори меѓу лидерите на кипарските грци и турци за обединување на Кипар. Рауф Денкташ и Тасос Пападопулос во минатата недела во Њујорк во начело го прифатија планот на Кофи Анан за реунификација на поделениот остров. Пред почетокот на преговорите во Никозија, пред домот на премиерот на турскиот дел Мехмет Али Талат експлодирала бомба, но никој не бил повреден.
XS
SM
MD
LG