Достапни линкови

Скопјани скептични за изградбата на капиталните објекти


Подолг период градот Скопје во континутет го губи својот идентитет. Денес според забелешките на граганите пред престојните локални избори, тој наликува на градилиште на кое се започанти повеке проекти од кои некои пред повеќе години, но ниту еден од нив не е завршен:

„До толкава мера неговата кохеренција е разришена, што практично не постои. Постојат само некои слики за тоа што ќе биде понатаму. Така во практика имаме фрагменти од градилишта, кои го нарушуваат континуитетот на градот. На пример, плоштадот, како седи со месеци. Мостот којшто со години, децении е во некаква фаза, така што се акумулира една деструктивност во животот на градот, а ништо не се завршува,“

вели Минас Бакалчев, професор на архитектонскиот факултет во Скопје.

Според архитектите таквата сликата на Скопје всушност претставува најдиректен израз на проектирање на политиката што е присутна во сите сегменти во општеството и во урбаниот простор.

Граѓаните се согсласуваат дека поседиците од тоа се:

„Центарот се распаѓа, се градат многу згради, нема место за паркинг.“

Тие се сомневаат дека градскиот плоќтад автобуската станица камниот мост што се највуваат како капитални проект неколку години ке бидата завршени во блиска иднина:

„Требаше тоа да биде побрзо.“
„Прават предизборни кампањи, требаше порано да им текне.“


Бранка Станоевска престваник на Градското собрание не се согласува со критиките дека проектите во изградба се тема на предизборната кампања пред есенските локлани избори:

„Изградбата можеби се поклопува со изборна година, меѓутоа знаете дека со години наназад градоначалникот бараше можност и правна разврска за добивање на дозвола за градба на овие објекти. Тоа се случи годинава и никако не може да стане збор дека се работи за предизборни активности, кога станува збор за капитални и многу битни објекти за градот, па и за републиката.“

Таа очекува оти во средината на пролетаа проектите на кои сега се работи како што се плоштадот автобуската станица и каманиот мост ке бидат завршени. Но, еден Скопјанец прашува дали во една таква камања за уредување на градот што се води на повеке фронта може да стане збор за задржување на некогашниот лик на Скопје:

„Пред се, ни недостасува Скопје, ги нема оние белези што го красеа Скопје, белези што ќе му дадат на градот дух и за она што бил и за она што треба да биде.“
XS
SM
MD
LG