Достапни линкови

logo-print

Координирање на активностите во сферите од заеднички интерес


Лидерите на Германија, Франција и Британија на денешниот самит во Берлин, како што е соопштено, ќе разговараат за координирање на активностите на нивните земји во многу сфери од заеднички интерес. Но, помалите членки на Европската Унија на овој самит гледаат како на обид на трите економски најмоќни евро нации да формираат таканаречен директориум кој ќе доминира во Унија.

Секој состанок на лидерите на трите големи европски сили некако потсетува на времињата на поранешна Европа. Терминот Голема тројка е остаток од периодот кога овие три земји, пред формирањето на Европската Унија, управуваа со судбината на континетот. Токму затоа, денешниот состанок на германскиот канцелар Герхард Шредер, францускиот претседател Жак Ширак и британскиот премиер Тони Блер предизвика страхувања кај помалите членки на Европската Унија. Силвио Берлускони, премиер на Италија која е една од четирите европски држави кои членуваат во Групата на седум најаразвиени држави во светот предупреди дека евентуалниот обид на Германија, Франција и Британија да ја диктираат политиката на Унијата ќе донесе големи проблеми.,,На Европа не и треба никаква дирекција. Ова мое мислење го делат и другите европски земји, исклучувајќи ги трите држави за кои станува збор,, изјави Берлускони. Аналитичарите забележуваат дека Италија и Шпанија се особено погодени што не се повикани на берлинскиот самит. Според нив, таквата одлука навестува дека тие спаѓаат во втората европска лига во моментот кога Унијата се подготвува за проширувањето со десет главно поранешни комунистички земји. Секако, Шредер, Ширак и Блер ги отфрлаат ваквите страхувања, но и наводите дека се обидуваат да формираат дирекција со која нивните земји би доминирале во проширената Европска Унија.

„Овој субјект на директориум, како што се нарекува во Германија, е нешто што не е дефакто легализирано, но постои во политичката реалност. Ако политичкото поврзување на овие три земји членки или на некоја друга група држави е добро за нив, тогаш тие можат да го прават тоа без некаква легална рамка.“

Смета аналитичарот Габриел фон Тогенбург од Европската Академија во Болцано. Како и да е, реакцииите што ги предвика денешниот берлински самит уште еднаш ја покажаа неизвесноста околу тоа како ќе се управува во Европската Унија, особено ако се има фактот дека нејзините лидери во минатата година не успеаа да се договорат за идниот европски устав, но и за водењето на заедничката надворешна политика што најсилно излезе на виделина околу ирачката војна. Затоа на овој самит се гледа и како на уште една можност за Блер да ги подобри односите со Шредер и со Ширак кои жестоко се противеа на американско британската интервенција во Ирак.
XS
SM
MD
LG