Достапни линкови

Потребна сериозна анализа за домашниот и регионалниот авио сообраќај


Праксата покажува дека постојат спојувања на авио компаниите, но неопходно е притоа да се разгледа какво ке биде влијанието врз Македонија, вели професорот од економскиот факултет Михаил Петковски во контекст на идејата за формирање на балканска авио мрежа пласирана од Предраг Вујовик, прв човек на Југословенскиот авио превозник. Станува збор за поврзување на авио компаниите на седум земји, а целта е намалување на цената на авиопревозот.

„Во меѓународни рамки овие иницијативи се присутни и постајат. Како што има спојување на берзите на хартиите од вредност во светот, така се случува и спојување на националните авио превозници.“

вели Петковски кој додава:

„Треба да се направи внимателна економска, односно финансиска анализа, значи што би се добила, а што би се загубило. Главно треба да се имаат финансиските елементи, да се види каков пазар е сега Белград, каков Приштина, каков пазар е скопскиот аеродром и во која финасиска кондиција се балканските национални авио компании. И мислам дека нивното опстојување од административно легален аспект ќе биде многу тешко бидејќи балканците легално многу тешко се координираат меѓу себе.“

Од единствениот редовен авиопревозник во земјава МАТ велат пак дека сеуште не добиле конкретна понуда за формирање. Но, лугето кои работат во област предупредуваат дека пред да се изгради став дали да се влезе во една ваква соработка треба сериозно да се разгледа ситуацијата во авиопревозот во Македонија, односно да себ средат состојбите во оваа област на домашен терен. Тие укажуваат дека во нашава земја има мала флота, а оти идејата на ЈАТ е токму неискористената голема флота која ја поседува, да ја стави во функција.
XS
SM
MD
LG