Достапни линкови

logo-print

Штрајкот на СОНК во мирување


По 15 дневниот штрајк на вработените во образованието науката културата кој вчера резултираше со договор мегу владат и синдикатот најзадоволни од исходот се учениците кои се вратија во училишните клупи и нивните родители:

„Многу ми се здосади од распустот и поубаво во школо, туку дома.“
„Сите часови се одржуваат.“


Во Синдикатот за образование наука и култура оценуваат дека договоро што е постигнат со владата претставува одговор на барањата поради кои тие штрајкуваат. Рокот кога ке бидат остварени одредбите за кои синдикатот постигнал договор со владата не може да биде прецизиран вели Цветановски но тој е задоволен од решението што е постигнато.

„Сосема, бидејќи се што беше побарано беше прифатено. Е сега, ако некој очекуваше денеска да тргнат пари по училиштата, тоа е друга работа. Тоа што реално треба да се очекува. Значи, буквално сите барања се прифатени во целост, само динамиката на остварување треба да ја договориме во наредните денови.“

Претставникот на владата Јово Манасиевски оцени дека во преговороти нема победници и губитници туку битно е дека е најден заеднички јазик:

„„Веројатно да можеше да се дојде до вакво решение, ќе се дојдеше и порано, меѓутоа ние сме млада демократија, се учиме на процесите и на состојбите, така што сите и владата и синдикатот од овие состојби ќе ги извлечат соодветните поуки.“
Последица од три неделниот штрајк што треба да се надомести прествуваат исгубените часови во настававата.Заменик минситерот за образование тале Герамитчиоски вели дека бирозто за образзование работи на ова прашање.
А претседателот на СОНК вели:

„Максимум ќе се направат напори од министерството за образование и деновите да не се одработуваат или минимум некој ден ќе се одработи од овие 15.“

Според Дојчин Цветановски штрајкот во образованието науката и културата нема да се одрази со намалување на делот од платата на вработените како што прет тоа беше највувано и таа на ке им биде исплатена во целост. преговорите на синдикатот со владта во наредниот период ке се однесуваат на утврдување на времето во кое на вработените ке почне да им се исплакаат надоместоците за плата пордаи кои тие штрајкуваа.

„Динамиката зависи од тоа за кое прашање колку треба, за финансискиот дел ќе треба да се направи и ребаланс во одреден дел.“
XS
SM
MD
LG