Достапни линкови

Како до неопходното независно судство во државата


Либерално-демократската партија се залага за реформи во судството, а еден од сегментите кој треба да се трансформира во правец на погоилема независност на третата власт е реорганизаицја на сегашниот републички судски совет во државен совет на правдата. Тоа според Андреј Жерновски значи дека изборот на ова тело треба да се дистанцира од Владата и Собранието, какви што се вели тој и препораките кои доаѓаат од Европа:

„Ние одиме со оној модел којшто постои во неколку земји во Европа, а тоа е две третини од составот на државниот совет за правда, да биде избран од фелата, значи од адвокати, од судии, од експерти од таа област, а само една третина да биде избрани од претставници од парламентот и да биде министерот за правда по функција. Со самото тоа, според составот којшто го кажав тие ќе бидат сосема независни или најминимално зависни од политичарите. Исто така тој орган ќе претрпи измени и во начинот на избор на судиите, значи тој ќе предлага и ќе разрешува судии.“

За промена на уставот во оваа смисла потребно е двотретинско мнозинство во собранието, што значи дека за ова ке биде потребен консензус и од страна на власта и од страна на опозицијата, па оттаму со оглед дека сите партии програмски се залагаат за независност на судството, очекуваме да ја добиеме таа поддршкавели, вели Жерновски.

И владата наскоро преку ресорното министерство вели социјалдемократот Борис Кондарко ќе излезе со конкретни предлози за трансформација на судството

„Во меѓувреме и министерството за правда и владата, подготвуваат пакет закони кои се однесуваат на измени и подобрувања на процесните закони и заедно со ЛДП и нејзината иницијатива ќе работиме на овој проект, пред се како коалициони партнери во владата.“

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ начелно ја поддржува иницијативата на ЛДП, но порачува да се постигне консензус:

„Е сега, дали она што тие го посочија дека треба да биде државен совет или нешто слично, во секој случај како идеја е добра и прифатлива и факт е дека сите политички партии треба да изградат политички консензус.“

Актуелната претседателка на РСС- Ленче Софрониевска која уште од 97-тата па наваму се залага за промени во смисла на поголема независност на судството, смета дека потребни се измени, но не такви за какви што се залагаат либералдемократите, зашто таквиот предлог вели Софорниевкса е повеке ригиден и не одговара на нашиот парламентарен систем:

„Потребно е да постои меѓусебна контрола меѓу властите. А, доколку се прифати ваков орган, со ваков начин на избор, со именување. Во наши услови мислам дека тоа може да се трансформира во спротивност и да се формира едно тело коешто во судството ќе направи поголема штета, отколку корист.“
XS
SM
MD
LG