Достапни линкови

Најава за формирање своја политичка партија


Како зрдужение не можеме да се избориме за своите права, па затоа сме принудени да влеземе во партискиот живот, вели Вељо Тантаров како одговор на веста за формирање на земјоделска партија.

„Нашиот сојуз нема пристап до оваа влада и проблемите на земјоделците остануваат нерешени.“

Сите партии кои продефилираа во власта, манипулираа со нашето членство. пред изборите ни ветуваа брда и долини, за потоа да не заборават, вели Тантаров:

„Сите партии коишто за време на изборите ветуваа се и сешто во нашите села, по изборите се завршува онака како што било и до самите избори.“

Според тантаров , партијата од основниот суд Скопје дозвола за регистрација ќе добие најдоцна за десетина дена, а свое учество веЌе најавува на есенските локални избори:

„Имаме Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и Власи. Сега за сега немаме само Роми, токму затоа сметаме дека сме мултиетничка партија.“

Решавањето на земјоделските проблеми ќе бидат приоритетни прашања за оваа партија, а пред се регулирањето на откупот, субвенциите и гаранциите за земјоделските производи:

„Нашето земјоделско производство да добие соодветен статус, да има гарантиран откуп, гарантиран пласман и гарантирана исплата. Натаму ќе се води грижа да се стопираат игрите со увозот на земјоделските производи што ги има во нашата држава. Односно ќе се работи на овој план онака како што работи ЕУ.“

Во моментов ситуацијата во земјоделство тантаров ја оценува како катастрофална со оглед на предадените, а сеуште неисплатени стратегиски земјоделски производи за државата:

„Еве сега на прагот на пролетната сеидба сеуште не е исплатена пченицата, сеуште не е исплатен тутунот од бербата во 2002 година, сеуште не е исплатен тутунот за послендите три години, шеќерната репа. Имаме состојби катастрофални со откупот на млекото, во секој момент се заканва нова млечна криза.“

Ефекот од ваквата политика, е појавата меѓу помладите луѓе кој барем досега преживувааа од земјоделството, наместо да се подготвуват за пролетна сеидба, истите да бараат чаре надвор од државата:

„Во ниту едно село веќе не се разговара кој што ќе сее, меѓутоа денес тема на разговорот на овие земјоделци е кој ќе добие бугарски пасош или пак со душа се чека отворањето на границите за гурбет во Австралија.“

Во Македонија од земјоделството егзистираат 185 илјади земјоделски домаќинства или лебот од ова дејност го вадат околу 500 илјади граѓани на оваа држава.
XS
SM
MD
LG