Достапни линкови

Анкара: Турција и ЕУ се надеваат на обединување на кипарските Грци и Турци до мај


Турција и Европската Унија изразија надеж дека кипарските грци и кипарските турци ќе успеат да се обединат пред влезот на Кипар во Европската унија на први мај годинава. Според вчерашниот договорот, доколку двете страни до тој датум не успеат да се усогласат, тогаш генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан има право да интервенира. Тој треба планот за реунификација да го стави на референдум на кој ќе се изјаснуваат припадниците на двете заедници на веќе триесетина години поделениот Кипар.
XS
SM
MD
LG