Достапни линкови

Во Македонија нема опасност од птичји грип, но претпазливост е потребна


Повеќе од десет лица досега во светот, починаа од болеста птичји грип. Од ветеринарната управа во земајва, известуваат дека засега нема опасност од проширување на болеста и во нашата држава иако велат мерките на претпазливост се зголемени. Во таа насока, заедно со останатите земји и Македонија го забрани увозот на пилешко месо од азиските земји.

„Се што влегува, не само прехрамбен производ од животинско потекло, туку сите храни во државата се регулираат со сертификати кои праткично се добиваат од производителот. Во тој контекст, ако во некоја држава се појави некоја заразна болест, како што е сега случајот со птичјиот грип, од сертификатот може да се види од каде тие потекнуваат и тогаш управата за ветеринатство не дава решение да се внесуваат тие прехрамбени производи. Забранет е увозот од земјите во кои се појавува оваа болест,“

потенцира професор др Михаил Данев од Ветеринарниот институт.

Во домашните месарници, уверуваат дека месните производи кои ги набавуваат се со проверен квалитет, и според досегашното искуство, интересот кај граганите околу проверка на пилешкото месо поради новопојавената болест не е зголемен:

„Не прашуваат, за свинското месо прашуваат од каде е што е, ама земаат без разлика. Околу птичјиот грип за сега никој не поставил прашање.“

Граѓаните пак потенцираат дека безразлика на актуелноста на некоја болест од таков тип, секогаш се внимателни кога купуваат производи од животинско потекло.

„Како да не вминавам, многу одамна, и без да чујам за птичјиот грип. Се што гледам дека е македонско и свежо имам доверба, на пример пилиња ние можеме да одгледуваме, зошто од Кина, зошто од толку далеку.“

„Нормално дека внимавам“


Инаку, по појавувањето на болеста птичји грип, увозот на пелешко месо од Тајван веднаш го забранија земјите од Европската Унија, и некои од останатите азиски земји. Според соопштението на Светската Здравствена организација, птичјиот или кокошкиниот грип не се пренесува од човек на човек, туку до заразата доага при контакт со заразените животни.
XS
SM
MD
LG