Достапни линкови

Багдад: Најмалку 36 Ирачани загинаа во бомбашки напад


Во напад со автомобил бомба врз регрутен центар на ирачката армија во Багдад, според сведоците и американската армија, животот го загубиле најмалку 36 ирачани, а 20 биле ранети. Ирачкиот заменик министер за внатрешни работи пак изјави дека загинале 47 лица, а 50 биле ранети. Според американскиот полковник Ралф Бејкер, во автомобилот имало 100 килограми експлозив и експлодирал во близина на една група лица која аплицирала за работа во ирачката армија. Денешниот напад доаѓа само 24 часа откако автомобил бомба експлодира пред полициската станица во Искандарија при што загинаа 50 луѓе.
XS
SM
MD
LG