Достапни линкови

Забрана за влез во ЕУ на 12 лица од Македонија


Европската унија денеска ја објави листата на непожелни лица од Македонија. Против овие лица во период од една година ке се преземаат рестриктивни мерки со цел да се спречи влезот или транзитот преку териториите на земјите членки од Унијата. Во заедничкиот став на Унијата се наведуваат и исклучоци, односно дека може да се изземаат овие мерки кога патувањето се оправдува врз основа на итна хуманитарна помош или врз основа на присуство на мегувладини состаноци, вклучувајки ги оние на кои се промовираат демократијата и човековите права. На лисата се наогаат 12 лица од земјава припадници на поранешните воени структури ОНА и АНА, Гафур Адили познат како командант Вардари, Хамди Бајрами-Бреза, Спиро Бутка од Косово, Џемаил Хисеини- познат како Џејми Шеј, Авдил Јакупи-Чакала, Даут Реџепи-Лека, Саит Рушити, Изаир Самиу- Баци, Фадил Сулејмани и Гунер Силејмани, како и Горан Стојков прв човек на расформираната единица за брзи интервенции-лавови и неговиот колега Горан Георгиевски.

Од Европската унија велат дека идејата е со листата да се даде јасен сигнал дека во Македонија нема да се дозволат екстеремистички активности:

„Целта на оваа листа е јасна поддршка на политичко ниво од Европската унија за Македонија и јасно е дека Македонија се движи напред во имплеменатцијата на рамковниот договор. Затоа ова е јасен сигнал за секој што е инволвиран во екстремистички активности и го урива прогресот во земјата дека за нив нема место во иднината на Македонија.“

изјави Шина Томсон портпарол на Европската унија во Македонија.

Горан Стојков, еден од лицата на црната листа со низа обвинувања до Унијата и македонската влада:

„Поголема глупост од таква бирократија немам чуено. Значи, најавувам тужби против ЕУ, и против членовите од влада кои ургирале да бидам ставен на црната листа, тоа се господинот Бранко Црвенковски, Хари Костов и Радмила Шеќеринска како евро-интегратор. Веќе стапивме во контакт со адвокати од Брисел кои се нафаќаат да не застапуваат и да ја тужат ЕУ.“

Со обвинувања но само на адреса на македонската влада и Фадил Сулејмани еден од основачите на тетовскиот универзитет

„Јас бев во овие црни листови на македонската влада, отсекогаш сум бил и ова не ме чуди. Уште еднаш тврдам дека ова е црна листа на македонската влада, а јас сум во белата листа на албанскиот народ.“

Експертите пак велат дека лисатата на непожелни лица е предупредување до оние кои го поттикнуваат национализам:

„Таа листа треба барем малку да ги замисли останатите кога употребуваат или неумерена реторика и подбуцнуваат за национализам и шовинизам или пак може исто така да се смета дека е јасна закана за оние кои имаат намера да употребат оружје за да остварат некои политички цели. Таа приказна е завршена, тоа сакаат да кажат европјаните.“

изјави Мирјана Малевска од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.
XS
SM
MD
LG