Достапни линкови

logo-print

Две експлозии, повредени нема


Според информациите на Борче Пешевски, советник во одделението за односи со јавноста во МВР двете експлозии се случиле на временско растојание од пет минути. Имено, во 1:05 минути експлодирала експлозивна направа во продавницдата за мебел „Божур“, лицирана во центарот на градот, инаку во сопственост на етнички Албанец. Причинета е материјална штета, искршени се излозните стакла, влезната врата, а оштетен е и мебел. Само пет минути подоцна, во дворот на џамијата „Асан Баба“ експлодирала рачна кашикара. Од детонацијата искршени се стаклата во помошната просторија во џамијата, како и прозорците на зградата лоцирана во непосредна близина:

„Пукна нешто, бомба беше, што беше, се скршија прозорците, децата станаа се уплашија, не знаеме што беше,“

раскажува една станарка.

Инаку, оваа џамија е стара неколку века, а во нејзиниот двор лоцирани се и муслимански гробишта. Од битолското муфтиство информираат дека во ноќните часови во џамијата нема чувар со што се избегнале и евентуалните жртви. Од МВР пак, кажуваат дека сеуште се непознати подметнувачите на експлозивните направи, за што истрагата е во тек.
XS
SM
MD
LG