Достапни линкови

logo-print

Активно присуство на исламистички милитантни групи на Балканот


Новата врева што доаѓа од Балканот укажува на активно присуство на исламистички милитантни групи во тој регион. Ова го оценува американската агенција за стратегиски предвидувања Стратфор околу последните наводи и деманти од официјални претставници на земјите во регионот во врска со ова прашање. Иако, како што се вели во анализата, на Балканот тоа не е ништо ново, сепак укажува оти таму нешто се готви.

Неодамна шефот на српската разузнавачка служба Момир Стојановиќ изјави дека исламските милитанти, вклучувајќи ја и Ал каида, активно оперираат на Косово, во Албанија и во Македонија. Тоа веднаш беше демантирано од НАТО и од македонските и албански претставници. Балканот долго време беше погодна почва за исламистичките организации поради, како што се вели во анализата на Стартфор, големата муслиманска популација и регионалната нестабилност. НАТО е заинтересиран своите операции на Косово да ги прикажува како успешна приказна, наведува Стратфор, додавајќи: Алијансата не може да дозволи да биде гледана како окупациска сила која не работи ништо, но сигурно нема доволно војници во регионот за да може активно да се судри со милитантните групи. НАТО исто така е претпазлив околу двете решенија што можат да доведат до повлекувањето на неговите сили: реинтеграцијата на Косово во Србија, или Косово да прогласи независност. Доколку претставниците на НАТО дозволат поголемо воено присуство на Балканот, тоа ќе предизвика мачно политичко натегање во Соединетите Држави, оценува Стратфор, според кој, Америка нема да има персонал за агресивно справување со милтантите на Балканот, ако претходно не ги редуцира своите напори во Авганистан и во Ирак кои се на врвот на политичките и воените приоритети. Според оваа агенција, враќањето на Балканот би било премолчено признавање дека Соединетите Држави ја пропуштија можноста да се пресметаат со регионалните милитанти. Така, Соединетите Држави и НАТО бараат начини да го намалат подрачјето каде што овие групи се инфилтрирале и оперираат на Балканот. Овој регион очигледно е собирна точка за Ал каида и за другите милитантни организации, оценува Стратфор, додавајќи дека западен Балкан долго време е примарна рута на недозволената трговија со оружје, дрога, проституција. Порозноста на тамошните гранци и близината на западноевроспките цели претставуваат единствена можност за милитантите. Како дополнување на тоа, во ова подрачје има многубројна муслиманска популација. Иако овие муслимани во целост имаат помалку симпатии за исламскиот екстремизам од муслиманите на Блискиот Исток и Централна Азија, тие се уште се благонаклони спрема милитантните движења, поради, како што наведува Стратфор, делот од историјата кога тие биле лошо третирани од владејачките структури. Од друга страна, според оваа агенција, годинашните Олимписки игри во Атина би можеле да претставуваат погодна цел на милитантите. Имено, како што проценува Стратфор, Ал каида во блиска иднина ќе се обиде да изврши голема операција за да не се соочи со ризикот да ја загуби својата важност во Муслиманскиот свет. Како и да е, Соединетите Држави и НАТО ќе сторат се што е можно да ја турнат исламистичката закана на Балканот во сенка, се додека не се постигнат поголеми победи во војната против тероризмот, заклучува ова американска агенција за стартегиски предвидувања.
XS
SM
MD
LG