Достапни линкови

Москва: Обвинителството покрена истрага за убиство со предумисла, па ја повлече одлуката


Московското јавно обвинителство соопшти дека, по неуспешниот обид за пронаѓање на исчезнатиот претседателски кандидат Иван Рибкин, покрена официјална истрага за убиство со предумисла. Но, веднаш потоа, обвинителството ја повлече таквата одлука поради, како што е речено, важни докази кои сепак, не беа објавени. Рибкин, според неговата сопруга, исчезнал во минатиот четврток.
XS
SM
MD
LG