Достапни линкови

Техеран: Изборите нема да бидат фер, оценка на претседателот Катами


Иранскиот претседател Мохамед Катами и претседателот на парламентот Махди Каруби во заедничка изјава оценија дека парламентарните избори кои треба да бидат одржани за две недели нема да бидат фер. Причина за тоа е што конзервативното советодавно тело забрани учество на изборите за 2 илјади реформистички кандидати. Иранската реформистичка партија предводена од братот на Катами најави бојкот на изборите.
XS
SM
MD
LG