Достапни линкови

Трговците на црно со поделени мислења


Истражувањата покажуваат дека стапката на сива економија во земјава, е највисока во Европа. Според податоците на европските институции, таа изнесува 45%, поради што од државниот Буџет се одлеваат 1, 5 милијарди евра. Токму изнаоѓањето начини за справување со т.н. нелегална трговија е следен чекор на Министерството за економија. Имено, оваа инстиуција во соработка со УНДП, започнува проект, според кој трговците на црно, кои продаваат по пазарите и на уличните тротоари, по поволни услови ќе можат да го легализираат својот бизнис.

да се легализираат субјектите коишто се занимаваат со овој вид економија, а кои се во зоната на сивата економија ќе треба да се утврди најсоодветен начин за што е можно побрза регистрација на нивната дејност, која ќе се спроведе преку формирање на некои локални канцеларии, претежно сконцентрирани во зоните каде што тој вид на сива економија е најзастапена, како на пример, Шутка, Бит Пазар, во Струмица, во Битола, значи не само во главниот град, туку и во поголемите градови. Нимќе им се овозможи да се пријават, односно да може да плаќаат пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување, персонален данок.“

Дивите продавачи засега се поделени околу оваа можност, која што планира да им ја понуди Министерството за економија. Дел од нив се согласуваат, а за некои пак е неприфатливо, бидејки велат дека „ништо не е решение кога се нема пари“.

, како не би прифатиле, би прифатиле, само што сме отпуштени од работа. Ме исклучија од завод.“
„Ние не мислиме да бидеме улични продавачи, оваа влада на Бранко Црвенковски нека отвори работни места, не на улица работа да ни дава.“
„Фабриките да ги отворат, не би прифатиле ништо друго.“


Свесни сме дека ова нема целосно да ја искорени „сивата економија“ во земјава, но би биле задоволни доколку успееме барем 20% да ја сузбиеме, велат во Министерството за економија.
XS
SM
MD
LG