Достапни линкови

logo-print

Околу 250 припадници на АРМ започнаа обука за гранични полицајци


Превземањето на обезбедувањето на границите од страна на припадници на полицијата е дел од реформите во безбедносниот сектор. Токму поради ова неделава започна тренинг за граничната полицијата кој го спроведува министерството за внатрешни работи во соработка со ОБСЕ:

„Тренингот за граничната полиција ке трае три месеци. ОБСЕ учествува со помош во еден дел од обуката, односно во обуката на околу 250 лица. Членовите на граничната бригада ќе бидат обучувани да станат дел од граничната полиција и ова е само првиот од серијата тренинзи кои ќе бидат спроведувани,“

изјави Ајтекин Акташ од ОБСЕ.

Од министерството за внатрешни работи објаснуваат дека преземањето на обезбедуавњето на границата е само еден дел од предвидените реформи, односно од процесот на интегрирано гранично управување. Зоран Јовановски од министерството за внатрешни работи информира:

„Примопредавањето на границата ќе се одвива во четири фази и овој процес треба да започне на 1-ви мај 2004 година со преземање на јужната граница, а треба да се заврши до крајот на декември 2005 година со западната граница. Многу битно е, и на тоа се посветува најмногу внимание, периодот на транформација да не биде причина за нарушување на безбедноста на државата.“

Заменик минисерот за одбрана Ризван Сулејмани вели дека нема причини за одолговлекување на овој процес:

„Мислиме дека со таа динамика ние ќе го завршиме процесот, со оглед на тоа што е започната обуката за одреден број луѓе коишто од страна на Министерството за одбрана ќе преоѓаат во МВР. Курсот е почнат, односно припремата за една нова обврска треба да ја вршат припадниците на АРМ и ние во потполност како министерство сме подготвени тој број да им го отстапиме.“

Инаку, граничната полиција прво ке ја преземе границата со Грција потоа со Бугарија, Албанија и на крај границата со Србија и Црна Гора.
XS
SM
MD
LG