Достапни линкови

Нема навестувања за крај на штрајкот


Во атмосфера на поделеност во јавноста и меѓусебни префрлања за тоа чија е одговорноста што наставата во училиштата е блокирана, минува втората недела од штрајкот на просветните работници во земјава:

„Одговорноста во овој случај јас би ја поделил, затоа што неодговорно е децата да бидат како пензинери да седат по цел ден дома, а наставата да ја нема. Мислам дека штрајкот и тоа како требаше да биде можеби отпочнат и во некое друго време, во време кога децата беа дома, на училишен распуст, а од друга страна и владата треба да има слух за барањата на синдикатот и да седне на преговарачка маса,“

вели Тодор Калматиов професор по трудово право кој воедно укажува оти одржувањето на штрајкот е легитимно право на синдикатот и дека нема ограничуавња до кога тој би можел да трае:

Но, во истовреме продолжуваат да се полризираат ставовите за тоа која е страната што треба да прифати компромис:

„Очигледно е дека приодот на владата во оваа ситуација е премногу арогантен. Не наоѓа за сходно, да со синдикатот, којшто без разлика како го третираат е социјален партнер во оваа ситуација, да седнат да разговараат. Тие одат на принцип на сила да ги натераат да работат, со уцени што не е во ред.“

„Сепак, не се согласувам со ставот односно со однесувањето на синдикатот, во кое мислам дека освен грижата за платите и за тие надомести, односно за храна и за к-15 има доста политизираност и тоа веќе се гледа. Мене лично ми пречи кога како штрајкувачки барања не се поставуваат некои многу попринципиелни прашања во однос на квалитетот на образованието, на условите во кои се учи, на обуката на наставниците. Туку се оди на најситно дневно пазарење, за некои средства за кои сите знаеме дека не може да се измислат. Буџетот е донесе, распределбата е направена,“


велат Ѓорѓи Оровчанец член на опозициската ВМРО ДПМНЕ во собраниската комисија за образование и Емилија Симовска поранешен минситер за обазоавние кој на таа функција беше назначен во времето кога на власт беше СДСМ.

Професорот Тодот Каламатиев вели оти сега кога е во тек штрајкот разговорите за мерките што требало да бидат преземени во смисла на скратени часови со цел да не трпи наставниот процес се задоцнети:

„Тоа се мерки за коишто треба да се решава откако ќе заврши штрајкот.“
XS
SM
MD
LG