Достапни линкови

Вашингтон: Тенет се очекува да го брани американското разузнавање


Директорот на ЦИА Џорџ Тенет се очекува во денешниот говор во Вашингтон да го одбрани разузнавањето во Ирак пред војната во врска со оружјето за масовно уништување. Според најавите, Тенет има намера да објави дека е прерано да се заклучи оти во Ирак нема да биде откриено оружје за масовно уништување. Шефот на американскиот тим за потрага по оружјето Дејвид Кеј, кој поднесе оставка, рече дека верува оти такво оружје нема да биде најдено во Ирак што предизвика лавина критики за разузнавањето на американските служби.
XS
SM
MD
LG