Достапни линкови

Предложениот закон за пристап до информациите за надминување на состојбата


Државните органи во земјава не работат транспарентно, а добивањето на информациите кои ги поседуваат е многу тешко. Ова се генерално резултатите од истражувањето спроведено од „Трансапрентност Македонија“ во рамки на проектот - зајакнување на одговорноста, а во анкетата биле опфатени испитаници вработени во државни институции. Според ова истражување околу 50 проценти од испитаниците сметаат дека државните органи не се тарнспарентни во својата работа, а околу 90 проценти имале потешкотии за добивање на информации. Ова е поразителен резултат, оценуваат во „Транспарентност Македонија“. Слаѓана Тасева координатор на проектот објаснува на што се должат овие резултати:

„Ова во најголем дел се должи на традицијата или на навиките коишто ги влечеме од минатото. Македонија и сите поранешни социјалистички држави спаѓаат во редот, на таканаречените, затворени општества. Таму долго време била всадувана онаа традиција дека информациите коишто ги имаат државните институции не треба да бидат достапни до граѓаните. Претходно, најголем дел од информациите беа класифицирани со некаква доверливост. И ден денеска не сме ја надминале оваа практика.“

За да се надмине оваа состојба Тасева посочува дека е неопходно да се одвиваат повеќе активности во исто време, а станува збор за активности како усвојување на закон за пристап до официјалните информации и развивање на информатичката технологија, односно информациите да бидат веднаш достапни на веб-страните. Од министерството за правда кое е надлежно за подготовка на овој закон велат дека со него ке се овозможи надминување на повеќето проблеми и најавува:

„Законот за присптап до информациите е во завршна фаза и верувам дека до првата половина на 2004 ќе го имаме тој закон. Сметам дека има добри решенија на кои на медиумите им овозможува на законски, пропишан начин да доаѓаат до битните ифнормации за да ги пласираат во јавноста. Преку нив, сигурно и граѓаните ќе ги имаат тие информации и сметам дека законот навистина има одредби со кои навистина работата на извршната власт и на другите органи ќе биде потранспарентна,“

изјави министерот за правда Иџет Мемети. Токму оваа недела пак во првичниот текст на законот што го поготви министерство ке се внесуваат забелешките посочени од меѓународните владини невладини организации.
XS
SM
MD
LG