Достапни линкови

Естонија: Радио Слободна Европа предложена за Нобелова награда за мир


Тројца членови на Естонскиот парламент упатија писмо до Норвешкиот Нобелов комитет во кое предлагаат годинашната Нобелова награда за мир да ја добие Радио Слободна Европа. Во образложението се вели дека е единствен и незаменлив придонесот на Радио Слободна Европа во развојот на слободните и мирољубива општества. Добитникот на Нобеловата награда за мир се соопштува во октомври, а крајниот рок за поднесување кандидатури завршува в недела.
XS
SM
MD
LG