Достапни линкови

Конија: Најмалку 12 загинати во уривање на десеткатница


Најмалку дванаесетмина загинале во уривањето на една десеткатница во турскиот град Конија. Како што соопшти гувернерот на Конија Ахмед Кајхан, спаувачките екипи ја продолжуваат потрагата по седумдесетина луѓе кои се уште се наоѓале под урнатините. Досега биле извлечени дваесет и осум лица кои биле упатени на болничко лекување. Причините за уривањето на зградата се уште не се познати, но се претпоставува дека тоа се случило поради нејзината лоша конструкција или поради експлозија во котелот за централно греење.
XS
SM
MD
LG