Достапни линкови

Спроведувањето на Рамковниот договор и приближување на Македонија кон ЕУ


Имплементацијата на рамковниот договор и интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури ќе бидат приоритет во работата на новиот специјален претставник на Европската унија во земјава, Сорен Јесен Петерсен кој досега вршел функции во Обединетите нации од кои последната во Високиот комесаријат за бегалци:

„Разговарав со претседателот за важноста од продолжување на имплеменцтацијата на охридскиот рамковен договор, за важноста да продолжат напорите за нормализација и напредок на ситуацијата во земјава, како и за интеграцијата во евроатлантските инстутиции што е и најважно,“

изјави Петерсен по неговите првични средби со претставници од македонскиот државен врв. Тој посочи дека за време на неговиот мандат ке им дава поддршка на властите и народот во земјава без притоа да даде мислење за состојбите во Македонија како за и поднесувањето на апликацијата.

И неговиот колега кој претходно беше претставник на Европската унија во земјава, Алексис Брунс пред неговото заминување од Македонија истакна дека имплементацијата на Рамковниот договор е од големо значење.

„Имплементацијата се уште е главниот политички услов што Унијата ќе го проценува кога ќе го зема предвид писмото за кандидатура,“

изјави Брунс додавајќи дека поради тоа битно е во Парламентот да се усвојат останатите закони кои се поврзани со Договорот. Притоа тој како битно поглавје од рамковниот договор ја посочи децентрализацијата на власта и истакна дека очекува Парламентот најдоцна до март „на конструктивен начин да ги усвои законите од областа на децентрализацијата“. Идејата пак за одржување на национален референдум за територијалната поделба Брунс ја оцени како чудна и некорисна.
XS
SM
MD
LG