Достапни линкови

Техеран: Оставка на над сто ирански пратеници во знак на протест


Над 100 ирански пратеници денеска поднесоа оставки во знак на протест поради тоа што на либералните политичари им е забрането кандидирањето за престојните парламентарни избори, закажани за 20-ти овој месец. Претседателот на иранскиот парламент, во кој доминираат реформистите, Мехди Каруби побара интервенција од врховниот верски лидер оценувајки дека земјата се наоѓа во блокада. Советот на чувари на револуцијата отфрли 3 илјади и 600 од вкупно 8 илјади и 100 кандидатури за изборите, поради наводно непочитување на исламот.
XS
SM
MD
LG