Достапни линкови

logo-print

Поделбата на буџетот и стравувањата од миграцијата сеуште незавршена работа


Европската Унија се приближува кон нејзиното историско проширување во Централна и Источна Европа. Но, по се изгледа, се уште не е завршена работата околу некои важни прашања, на пример: како да биде поделен буџетот на Унијата меѓу старите и новите земји членки. Тука се и страхувањата дека миграцијата на работна сила кон богатиот Запад ќе претставува загуба за Истокот.

Многугодишните подготовки се при крај. Проширувањето на Европската Унија ќе се случи напролет кога десет држави од Централна и Источна Европа ќе и се приклучат на Унијата. Берти Ахерн премиер на Ирска која е актуелен претседавач на Европската Унија вака го оценува овој настан:

„Ирското претседателство започна во Унија со петнаесет, а ќе заврши со Унија од дваесет и пет членки. Привилегија е да се биде претседавач во време кога се прави историјата. Новите членки на семејството официјално ќе бидат примени на церемонија во Даблин на Први Мај.“

Како што е познато станува збор за Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Малта и Кипар. Во наредниве шест месеци, Ирска, како претседавач, ќе треба да ја понесе одговорноста за развивање подлабоки односи меѓу старите и новите земји членки на Унијата, кои уште сега се оптоварени со несогласувањата околу новиот Европски Устав, војната во Ирак, но и околу поделбата на буџетските пари. Аналитичарот Бен Крам од Центарот за европски истражувања во Брисел смета дека дебатата посебно ќе биде тешка околу распределбата на буџетот.

„Луѓето од новите земји членки гласаа кои на референдумите за влегување во Европската Унија мислат дека добивањето пари е првиот знак оти Унијата е солидарна со нив. Секако, јасно е дека долгорочно новите членки ќе имаа економска корист. Но, секако има и многу други економски желби и абиции кои би можеле да бидат задоволени само со брзо пренасочување на парите.“

Јан Хриш од Чешкиот Институт за меѓународни односи оценува дека новите членки нема да ја добијат очекуваната финансиска поддршка од Европската Унија:



Освен ова прашање, постои загриженост и за можноста Западот да биде преплавен со имигранти од Истокот. Повеќето сегашни членки на Унијата донесоа извесни прописи за одлагање на слободното движење на работната сила. Но, Британија и Ирска веќе соопштија дека ќе дозволат слободен влез на работници од Први мај, односно првиот ден на проширувањето на Унијата со новите членки. Ваквиот потег, според некои британски медиуми, ќе ги натера на пример, ромите кои во источноевропските земји ги има околу милион ипол, масовно да се упатуваат кон Британија.

„Вакви приказни имавме и во претходното зголемување. Кога Шпанија и Португалија во осумдесетите години влегоа во Унијата имаше дебати дека населението од овие земји ќе се пресели на север, но не дојде до тоа.“

Вели аналитичарот Бен Крам.
XS
SM
MD
LG