Достапни линкови

Посебна канцеларија за борба против организираниот криминал и неограничен мандат на обвинителите


Формирањето на специјализарана канцеларија во јавното обвинителство за борба против организираниот криминал и замениците јавни обвинители да имаат неограничен мандат за разлика од јавните обвинители чија функција трае шест години - се само некои од елементите во новиот предлог закон за јавното обвинителство. За нив експертите пак со оценка дека станува збор за предлози со кои борбата против организираниот криминал ќе биде поефикасна. За трајниот мандат на замениците јавни обвинители, професорот од Прваниот факултет Никола Тупанчески, вели дека станува збор за решение кое е вообичаена пракса и во други земји и со кое само се зајакнува нивната позиција:

„Тоа е пандан на законското решение кога станува збор за судиите. Така што мислам дека претставува една логична целина, со тоа што заедно со трајниот мандат на судиите и трајниот маднат на обвинителите би претставувало само подобрување на позицијата на јавните обвинители, значи на носителите на кривичниот прогон од една страна, а од сруга страна всушност претставува докомплетирање на таа законска рамка. Што значи дека јас тоа го гледам само како подобрување на позицијата на јавниот обвинител, односно зајакнување на позицијата на јавниот обвинител, којшто навистина со неговиот ограничен мандат, до сега можевме да збпруваме дека имаме многу случаи на влијанија од страна на извршната и на другата власт.“

Републичкиот јавен обвинител, Александар Прчевски неодамна за поставеноста на јавнотото обвинителство истакна :

„Вака како е поставен тој закон, како е поставено институционално, персонално и статусно, јавното обвинителство со јавните обвинители и нивните заменици е обичен посматрач на состојбите што не опркужуваат, и што се внатре во обвинителството, во правосудството, да не речам и во другите органи што навистина е срам за еден народ, за една нација, за граѓаните на Република Македонија пред светот.“

Инаку во изработката на новиот предлог закон главно е користено искуството од Словенија за кој Тупанчески вели:

„Веќе Словенците во еден подолг временски период покажаа дека тој е адаптибилен. Дека навистина се добиваат резултати и се острануваат сите оние аномалии коишто до сега од 92 од кога е донесен законот за јавно обвинителство во Македонија, од кога е во сила, настанале.“
XS
SM
MD
LG