Достапни линкови

Проект за поддршка на општините за економски развој


Програмата за поддршка на општините на Агенцијата за развој на ОН е еден од шесте проекти што треба да помогнат во пдобрувањето на капацитетите на општините во превземањето на обврските и надлежностите во процесот на децентрализацијата:

„Идејата за овој проект произлезе од процесите на децентрализација коишто се тековни во Република Македонија и проценката дека капацитетите на општините ќе бидат недоволни за да може да ги преземат новите надлежности коишто ќе им припаднат со самата децентрализација. Овој проект најмногу се фокусира на локалниот економски развој, чијашто крајна цел ќе има подолгорочни вработувања. Во овој момент, со овие надлежности, локалната власт нема ниту интерес, ниту големо влијание на економските текови во општината. Односно, вработувањето е повеќе проблем на една централна политика,“

вели раководителот на проектот Владимир Куцуловски.

На општините што во него ќе учествуваат ќе им бидат доделени грантови со кои тие треба да создадат подобрување во сферата на вработувањето. Она што за овој проект е карактеристично е што за разлика од други проекти не ги насочува средствата на општината како конзумент. Туку, локалната самоуправа ја става во улога на менаџер.

„Тогаш и самите општини, самите локални власти, ќе бидат заинтересирани да ги пронајдат, да ги стимулираат, да им овозможат услови на локалните економии за развој, затоа што со самото тоа и општината ќе си добие на квалитет.“

Со тоа, вели Куцуловски, локалната самоуправа ќе има двојна полза:

„Општината со развивање на ваков вид на партнерства со сопственото стопанство, значи со фимрите коишто живеат во таа општина, практично ќе се најде во една двојна улога и двојна позитивна улога. Првата придобивка, ќе биде запознавање со реалните состојби на стопанството во општината, а втората што со самото запознавање на состојбите на стопанството, ќе си ги процени и сопствените капацитети и сопствените потреби по преземањето на новите надлежности, да може да увиди што ќе треба да направи.“
XS
SM
MD
LG