Достапни линкови

Македонија нема проблеми со перцепцијата околу зачленувањето во НАТО


Граѓаните во земјава сметаат дека со зачленувањето во НАТО ќе се гарантира безбедноста и територијалниот интегритет на земјава, ова е првичната реакција на советниците за национална безбедност на претседателот и премиерот, Стево Пендаровски и Лазар Китаноски во контекст на резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот за социолошки и политичко правни истружава, а според кои 74,8 проценти од испитаниците сметаат дека Македонија треба да стане членка на алијансата:

„Самата влада постигна атмосфера во однос на нашето членство во НАТО, што резултираше со ваков инзвонредно висок процент.“

„Мене ми се чини дека перцепцијата на граѓаните е дека се работи за организација со чиешто зачленување добива безбедносна гаранција повеќе од оние што сега ги имаме. Кога си внатре, те штити членот четири, членот пет, и основниот договор на Алијансата, дека нападот на една членка е напад на сите, заканите за еден се закани за сите и онаа позната солидарност врз која Алијансата во 1949 е и формирана.“

изјавија Китаноски и Пендаровски кој пак додава:

„Сите показатели во последниве три години, сите истражувања што се направени покажуваат проценти не помали од 70, дури некогаш и поголеми од 75 насто, што покажува дека Македонија нема проблем со перцепцијата која граѓаните ја имаат во однос на НАТО. И тоа претставува исклучително важен фактор во сите наши планови и стратегии за приближување и конечен влез во Алијансата. Можам да ви кажам дека овој процент е повисок барем од половината земји сегашни членки на НАТО и е неспоредливо повисок од сите аспиранти кои претендираат за влез во Алијансата.“

Повеќе од половината грагани според истражувањето веруваат во стратегиското партнерство со Американците, а 27 проценти веруваат дека невработеноста и сиромаштијата се закана за безбедноста на земјава, потоа како закани следат етничкиот екстремизам, организираниот криминал, корупцијата, тероризмот. Во овој контекст Китаноски вели:

„Бидејќи денеска во светот безбедноста се третира многу покомплексно, мислам дека големиот број невработени по дефиниција, во земјите во демократиите се смета за можен потенцијал за нарушување на безбедноста.“
XS
SM
MD
LG