Достапни линкови

Ерусалим: Најмалку десет загинати во самоубиствен напад


Најмалку 10 лица загинале, а 30-тина се повредени при денешниот самоубиствен напад во еден автобус во центарот на Ерусалим. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а палестинските власти го осудија овој инцидент. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат изјави дека кругот на насилства може да запре единствено со обновување на мировните преговори. Израелски официјални претставници соопштија дека размената на затворениците со либански Хезболах, која се одвива на аеродромот во германскиот град Келн, ќе продолжи и покрај самоубиствениот напад во Ерусалим.
XS
SM
MD
LG