Достапни линкови

За денеска најавени преговори со владиниот тим


По најавата на владата за потребата од итно спреводување на процесот на рационализација на јавната администрација што подразбира нови отпуштања, синдикатот на вработените во администрацијата бара запирање на процесот, со цел да биде направена негова сеопфатна анализа. На таквата потреба синдикатот упатува поради искуствата што беа резултат на досегашното спроведување на реформите:

„Реформите се сфатени во онаа најгруба форма, само со отпуштање на работници, за сметка на тоа во изминативе десетина години се отпуштаа вработените во јавната администрација, а на нивно место доаѓаа нови партиски луѓе. Значи, целта не е постигната. Стравуваме дека и овој пат може да се случи истото. Многу искусни службеници во државната управа да ги изгубат своите работни места и на нивно место да дојдат партиски војници,“

вели секретарот на синдикатот на УПОС Пеце Груевски.

Тој оценува дека процесот на реформи во администрацијата треба да трае подолго време, со цел во него да биде вклучен синдикатот, што според Груевски до сега не претставувало пракса во работата на владата. Од друга страна, синдикатот очекува дека во процесот на вработувања во администрацијата на припадниците на заедниците, што исто така претставува обврска од реформите, која паралелно се спроведува со процесот на намалување во администрацијата ќе бидат, како што вели Груевски, одбегнати било какви неоправдани и непродуктивни вработувања.

Хајри Шаќири, претставник на владата за праведна и соодветна застапеност на заедниците, потсетува дека курсот за обука на 600 припадници на заедниците во кој се опфатени 530 Албанци почна со работа пред два дена и дека ќе трае најмалку осум месеци:

„Значи, ние очекуваме откако ќе завршат сите министерства и органи при владата да ги искажат своите потреби. После ќе одлучиме каде ќе ги вработиме.“

Во УПОС во однос на вработувањата што ќе претстојат по завршувањето на тој курс велат:

„Ние како синдикат апсолутно поддржуваме секакво вработување доколку е оправдани о продуктивно. За тоа одговорност има владата, да процени што е најдобро во овој момент. Така што, ние во тие процеси ќе се вклучиме да не бидат отпуштени нашите членови од работа, за сметка на оние што треба да бидат вработени.“
XS
SM
MD
LG