Достапни линкови

logo-print

Банкгкок: Состанок за начините на спречување на ширењето на птичјиот грип


Претставници на дванаесет азиски земји денеска во Бангкок одржуваат состанок посветен на начините за спречување на ширењето на птичјиот грип. Од ова заболување досега во Виетнам и Тајланд
починале осум лица, но има извештаи дека болеста била забалежана и во уште десет азиски држави. Засега човекот може да биде заразен само доколку дојде во директен контакт со заболени птици. Меѓутоа, експертите страхуваат дека би можело да дојде до мутирање на вирусот и до опасноста тој да почне да се пренесува и со контакт меѓу луѓето.
XS
SM
MD
LG