Достапни линкови

Скопје: Собранието ја продолжува 45-тата седница


Собранието на Република Македонија ја продолжи четириесет и петтата седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за телекомуникации. По завршувањето на оваа, Собранието треба да ја продолжи педесетата седница, на која меѓу другото, ќе расправа за пакетот закони за децентрализација. Пратениците на оваа седница треба да ги разгледаат и измените во Законот за здравствена заштита, неколку предлог закони од социјалната област, како и Предлогот за изменување и дополнување на Законот за лична карта.
XS
SM
MD
LG