Достапни линкови

Околу 35 илјади вработени во образованието започнаа генерален штрајк


Во сите училишта во државата се спроведува одлуката за генерален штрајк. Просветните работници кои се на своите работбни места од изутрината постапуваат, според инструкциите од Синдикатот за образование:

„Сите сме на работа, и работата како тече се поставува прашање, со неработење. Значи, седиме на работните места, но не извршуваме ниту една од задачите.“

Во истовреме пред и во училишните згради во мал број од време на време се појавуваат само најљупопитните ученици да се информираат за текот на штрајкот:

„Сите директори на училиштата треба индивидуално да одлучат дали ќе се држи настава или не, значи денеска не се држеше настава.“

Преседателот на синдикатот Дојчин Цветановски оценува дека почетокот на штрајкот успешно се осварува:

„Имаме информации од секаде, од Скопје од внатрешноста дека сите се во генерален штрајк. До сега, од владата и од ресорните министерства немаме понуда за преговори и доколку го добиеме ние ќе го прифатиме. Меѓутоа, инсистираме на сериозни преговори и нема да дозволиме преговори кои би значеле евентуално одолговлекување, купување на време, бидејќи во овој момент нема простор за такви преговори, туку мора сериозно да се разговара.“

Инаку штрајкот освен во училиштата се оставрува во научните и културните институции и во предшколските установи.Од неработата во овие установи во најголем дел се засегнаите родителите на децата од предшколса возраст:

„Со мака, најмивме жена да ни го чува детево, проблем е тоа што се случува.“

вели еден родител.

Во меѓувреме дилемата до кога ќе трае штрајот односно продолжениот зимски распуст што требаше да заврши денеска, ја делат и професорите и учениците:

„Мислиме дека инструкциите понатаму ќе се почитуваат од синдикатот, па ќе видиме и не знаеме до кога ќе трае штрајкот.“

Претседателот на синдикатот за образоавние Дојчин Цветановски вели:

„Колку денови ќе бидеме во штрајк не зависи од нас, зависи од преговорите, доколку дојде до преговори со владата и со министерствата и од резултатите од тие преговори: реализирање на одредбите од законот за работни односи, во делот на платите, спроведуавње на потпишаните колективни договори и потпишување на колективни договори таму каде што немаме потпишано.“

Во тој контекст Славица Арсовска претсеадтел на униајта ан средношколци пак посочува:

„Ние ги разбираме професорите, меѓутоа од друга страна не би сакале да сносиме последици за загибените часови. Ставот на УСМ ќе биде дека изгубените часови поради овој штрајк не би требало да бидат одработени, односно средношколците да не сносат било какви последици.“

Инаку, со законот за образование се предвидува дека се потребни минимѕм 180 работни денови за да може да се верификува учебната година.
XS
SM
MD
LG