Достапни линкови

Трајко Славевски, професор по економија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната економска состојба во земјава анемична


Господине Славевски, да го започнеме овој разговор со ваша проценка, или да речеме дијагноза каква е економската состојба во земјава?

Анемична, вака со еден медицински израз. Економијата е навистина слаба. Таа особено заслабна за време на воениот конфликт во 2001 година и никако да заздрави после тоа. И покрај чувството што се има дека состојбите на безбедносен план се подобруваат. Но, треба да се направи многу повеќе, да се надмине овој песимизам и негитивни очекувања, кај населението и кај домаќинствота и кај инвеститорите, кога сме кај инвеститори мислам и кај домашните и кај странските од аспект на стабилизирањето на безбедносната состојба во Република Македонија. Еден од факторите коишто придонесоа за таа слаба крвна слика во Македонија е ниското ниво на инвестиции и домашни и странски коишто делумно се должат и на односот на владата кон регулирањето и заштитата на сопственичките права и на домашните и на странските инвеститори.

Економски или инвестивионен бум што се најавува има свои претпоставки, што не може да се игнорираат. Што треба да направи владата за да привлече инвестиции?

На владта и е јасно дека економијата, односно развојот на стопанството и преку постигнување повисоки стапки на раст и со тоа лечење на овие суштински проблеми како што е растот на невработеноста, треба да претставува приоритет. Сега, мислам дека со кампањи не може многу да се постигне. Тоа сигурно го знаат и претставниците на владата и треба да се работи на осмислување на филозофијата на растежот, поттикнување на растежот и остранување на оние пречки коишто навистина го инхибираат, развојот на Република Македонија, да се надеваме дека владта ја научила лекцијата од својот негативен, дури и несмасен однос, во однос на заштитата на сопственичките права, во повеќе случаи, кај инвеститорите што е основа за нивно привлекување во земјата.

Што и како може опозицијата, која за себе вели дека е конструктивна, да помогне во таа насока?

Ингеренциите на опозицијата се да речам мали. Владите се тие коишто се одговорни и имаат инструменти за водење на политика и на макро и на микро план. Опозицијата може да помогне со своите укажиувања на грешките на власта и конкретно да помогне во надминување на некои заблуди, како на пример залагањето за повисока стапка на инфлација. Владата, односно носителите на економската политика треба и понатаму да одржуваат стабилност во економијата од аспект на цените. И оттука, мислам дека не се прифатливи некои предлози и најави на економисти блиску до СДСМ дека инфлацијата во Македонија требало да се зголеми. Ова, морам да кажам, се должи на некои недоразбирања или неразбирања на современите трендови од аспект и на економската теорија од аспект на инфлацијата и на практиката. Имено, инфлација во земјите од современиот свет постои затоа што таа на некој начин е вградена и во очекувањата и на граѓаните, на работниците, на синдикатите итн за некој пораст на цените. И колку се повисоки тие очекувања толку е повисока и инфлацијата. Сега, ако некој заговара стапка на инфлација кај нас близу до 10 насто, во тој случај, таа веднаш ќе се вгради во тие очекувања и ние би завлегле во еден циклус на потреба од корекција на курсот, кон девалвација, што веднаш ја потхранува инфлацијата, заради високата увозна зависност на стопанството, имено нешто што може да одврти една спирала на пораст на цените, барање за зголемување на платите итн. Нешто што навистина се надевам дека нема да се случи.

Претпоставувам дека и спротивното мислење има свои аргументи. Еве да ве прашам колку партиската обоеност, вие зборувате и како економист и како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде пречка за своевидна конструктивност во дијалогот на политичките опоненти? Каде е клучот за она што недостасува на македонаката политичка сцена, една усогласеност или консензус за суштинските прашања на државата?

Од аспект на интересите на државата ВМРО-ДПМНЕ не е партија којашто калулира. Ние не сакаме да ја повториме грешката од СДСМ којашто кога беше опозиција уште во првите неколку месеци започна со една жестока кампања за рушење на владата, којашто видовме дека дури ги ослабна и одбранбените способности на земјата, кога земјата беше нападната во 2001 година. ВМРО-ДПМНЕ најмногу помага со тоа што не само што поддржува земјата да чекори со побрзи чекори кон стандардите на ЕУ, туку со своите иницијативи сака да ја натера владата, којашто ги има ингеренциите на тој план, сето тоа да го прави побрзо и посериозно. Тука пред се мислам на предложената декларација за поддршка на апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ.

Економските перформанси, познато е, се едни од клучните, за оценката на Брисел околу апликацијата. Тука е и прашањето околу корупцијата и организираниот криминал, кој повторно ни се посочува како нерешен проблем, еднакво како и во владеењето на вашата партија?

Токму заради тоа, ние како партија, и јас лично ја подджуваме апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ. Затоа што тоа значи, подигање на нашите стандарди, на самоктиричноста, на желбата да се искоренуваат овие зла, како што е шверцот и финансискиот криминал и од аспект на потребата да го подобриме својот имиџ кај претставниците на ЕУ. Имено, во такви аранжмани на едно повисоко ниво на односи и со ЕУ, ние можеме да бидеме корисници на зголемена помош, техичка која што е потребна, за надминување на некои празнини коишто постојат и од техничка и од правна гледна точка, во области коишто ќе придонесат за намалување на нелегалната трговија и на шверцот.

Значи ли тоа дека треба да бараме од Брисел да биде фактор што ќе ни помогне да се справиме со сопствените девијации? Не можеме ли тоа сами да го сториме?

Па, видете, како што ни беше потребна соработката со ММФ, да научиме како да одржуваме стабилно ниво на цените, секако ни е потребна помош, и контрола во такви случаи, полесно се доаѓа и до консензус на домашен план. И тука не сме исклучок, барем во регионот. Не беше многу различен случајот и со земји, коишто сега се, на мног повисоко ниво на односи со ЕУ од нас, со коишто сме се споредувале во минатото, како што е Бугарија и Романија. И тие користа голема техничка и финансиска помош за унапредување на процедурите во царината, полицијата, особено сегменти за откривање на шверцот и финансискиот криминал, така што ова изгледа дека е неопходно во оваа фаза и не гледам ништо лошо во тоа.

За крај да ве прашам и дали го делите мислењето на лидерот на вашата партија Никола Груевски дека наспроти реториката и неоправданата еуфорија околу најавите за економско заживување од страна на владата вака како што се водат работите, всушност не можеме да очекуваме големи подобрувања?

Мислам дека ќе има единствено многу мали поместувања во позитивна насока. Еве, како што гледате тоа го чувствуваат и граѓаните, времето брзо поминува. За кратко време ние ќе се најдеме кон крајот на третото тромесечје во оваа година и во економијата тоа многу значи. Значи, времето брзо поминува, а конкретни резултати не може да бидат почувствувани од страна на граѓаните многу брзо. Значи, мали поместувања коишто јас, се сомневам дека граѓаните во текот на годинава ќе ги почувствуваат.
XS
SM
MD
LG