Достапни линкови

Токио: Четири илјади луѓе на демонстрации против испраќањето јапонски војници во Ирак


Околу 4 илјади луѓе денеска се собраа во центарот на Токио на демонстрации против испраќањето јапонски војници во Ирак, додека јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми се подготвува и офицјално да даде зелено светло за разместување поголем број јапонски војници во Ирак. Денешните демонстрации се едни од најголемите против испраќањето војници во ирак, но организаторот до сега неуспеа да мобилизира масовно присуство на граѓаните во демонстрациите. Инаку во Ирак веќе се пристигнатисе првите јапонски војници, со што е започната една од најконтраверзните и најризичните мисии, односно разместување на јапонски војници во друга земја по Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG