Достапни линкови

Либан: Израел и Хезболах постигнале договор за размена на заробеници


Израел и милитантната група Хезболах од Либан синоќа соопштија дека постигнале договор за размена на заробеници, кој бил постигнат со посредство на Германија. Двајца преставници на Хезболах го потврдија соопштенијето на германската влада дека оваа екстремна група и Израел оваа недела ќе разменат еден израелски бизнисмен и тројца израелски војници за 400 палестинци, 23 либанци и 12 арапски затвореници, се наведува во соопштението на германската влада.
XS
SM
MD
LG