Достапни линкови

Конференција на претставници на невладиниот сектор од југо-источна Европа


Поврзувањето и соработката на земјите од регионот може да им помогне тие да ги достигнат европските стандарди, а во тој дел невладините организации покажува дека функционираат добро и имаат свој придонес, оценува Владимир Милчин, директор на Институтот отворено општество за што наведува низа на заеднички истражувања и иницијативи на различни теми како на пример - како да се третира минатото, потоа соработака во областа на културата и слично. Но, тој посочува дека секоја држава треба да стави акцент на состојбите во својата земја, а туѓите искуства да служат за да не се повторуваат грешките:

„Јас не би ја преценувал оваа димензија, со оглед на тоа што е точно дека регионот има заеднички проблеми, меѓутоа секоја земја има и специфични проблеми во кои евентуално искуството на другите може да биде корисно во смисла да не ги повторуваме грешките што ги направил некој други и мислам дека тој вид размена на искуства барем од нашата пракса покажува исклучително корисно. Регионалната соработка помага да се надминат предрасуди, стереотипи и мислам дека во таа смисла е нешто што е исклучително позитивна, иако не сум од оние што сметаат дека во самата етикета регионално, се содржи некаков квалитет.“

Станува збор на пример за развивање на мрежа на Балканот која би функционирала како заштитник на човековите права, потоа формирање на културни центри во регионот насловени како Балкан кафе каде младите би добивале информации за состојбите во соседните земји и друго. За целта на нивната реализицаија и кога тоа ќе се случи Марина Горгиоска од овој центар вели:

„Се со цел да се скрши стереотипот дека на Балканот има само лоши работи и ништо позитивно не се случува. Ние многу добро знаеме дека имаме млади луѓе коишто се продуктивни, коишто се образовани, така што преку ова би сакале да промовираме позитивен имиџ на Балканот. Сето ова е во тек, би требало да се реализира до крајот на годината и се надевам дека ваквите иницијативи ќе ја доближи суштината на балканското живеење до западните земји во Европа.“
XS
SM
MD
LG