Достапни линкови

Само со генерален штрајк може да се направи притисок врз владата за преговори


„Не сакаме да правиме потреси во државата, знаејќи какви се состојбите. И сакаме владата да не сфати дека нашите членови се ставени во многу лоша позиција на полето на економско – социјална положба,“

изјави портапаролот на Сојузот на синдикататите на Македонија Мато Симовски во претекст на најавата од можност за организирање на штрајк на вработените во јавната управа генерално. Поединечно, тој почнува да се остварува в понеделник, кога нема да работат училиштата. 26 илјади просветни работници ќе бараат од владата:

„Реализирање на надоместоците за превоз, и надоместокот за исхрана, конкретно за надоместоците што ги укинаа,“

вели Дојчин Цветановски.

Во наредниот период кон штрајкот на просветните работници, според најавите на Сојузот на синдикатите на Македонија може да се приклучат другите синдикати на вработените во јавната управа.

„И ова полека, полека, може да прерасне во генерален штрајк.“

Причините што го генерираат нивното незадовоство се специфични гледано одделно по синдикати, вели Симовски но тој укажува на мотиви што генерално се причина за јавен протест

„Во целиот јавен сектор платите се многу ниски. Некаде околу 7,500 денари се платите, а тоа е многу пониско од она што беше претходно договорено со претходната влада и за која се потпиша и најниската цена.“

Ниските плати се одобено проблем во синдикатот на одбраната:

„Така што, нашите барања што се доставени до министерот се зголемување на платите за 30 насто.“

Вработените воедно стравуваат од претстојните трансформации што ја отвораат можност од отупштања на работници, вели претседателот Ристо Ајтов кој најави:

„На 7 февруари 2004 година ќе организираме протест пред зградата на министерството за одбрана и после тој протест ако не дојде до некакво подобрување на ситуацијата ќе стапиме во генералеш штрајк според законот.“

Претседателот на синдиактот во полицијата Тихомир Климовски заборува за карактетрот на проблемите што го дефинира природата на работа во полицијата:

„Кај на отпочна процес за утврдување на најниската плата и на листата на плати, и ќе треба време. Ако ова не оди во добар правец ќе треба и нашите тела да размислат и на примена и на други мерки на притисок.“

Симо Силјановски раководи со работата на синдикатот за здравството. Начинот на кој засега се спроведуваат реформите во овој сегмент не предизвикуваат поголеми потреси што може да бидат причина за штрајк, но Силјановски вели оти владата треба да го има на ум нездоволството од:

„Правото на регрес, ако тоа не се реализира може да биде причина за приклучување на штрајкот.“

Портпаролот на ССМ Мато Симовски имајќи ги на ум сите општи и специфични аргументи за на вработените во јавната упарава најави:

„На наредната седница на советот во фервруари ќе се расправа дали ќе се оди на генерален штрајк, односно протести, за да се изврши притисок врз владата за да седне да преговара и разговара со Синдикатот.“
XS
SM
MD
LG