Достапни линкови

Давос: Чејни бара Европа да се приклучи на САД во промовирањето на демократијата во Иран


Американскиот потпретседател Дик Чејни денеска во Давос побара од Европа да им се приклучи на Соединетите Држави во промовирањето на демократијата во Иран и во арапскиот свет, бидејќи тоа е клучот за извојување победа во војната против тероризмот. Чејни во обраќањето на Свесткиот економски форум додаде дека, само со промоција на демократијата, можат да бидат победени, како што ги нарече, идеологиите на насилство. Вчера исто така во Давос, генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан предупреди дека Соединетите Држави и другите богати земји премногу се фокусирани врз борбата против тероризмот и оти тоа може да доведе до дополнителни тензии во светот.
XS
SM
MD
LG