Достапни линкови

Шпанија: Нови сообраќајни прописи


За возачите во Шпанија од денеска важат новите прописи според кои на бензиските пумпи е задолжително да се исклучат мобилните телефони и радио апаратите. Користењето телефони за време на возењето веќе е забрането. Новите правила предвидуваат и задолжителни појаси за моторциклистите како и посебни седишта во автомобилите за деца под три години. Во Шпанија за време на викендите во просек во сообраќајни несречи гинат по 50-тина лица, главно поради невнимание и возење под дејство на алкохол.
XS
SM
MD
LG