Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Конфликтот во Ирак ги засени другите светски проблеми


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан оцени дека конфликтот во Ирак и загриженоста за меѓународната безбедност ги ставија во сенка другите светски проблеми како што се сиромаштијата, здравството и едукацијата. Обраќајки се на Светскиот економски форум во Давос, Анан рече дека е време да се избалансира меѓународната агенда, најавувајки посебен самит на Обединетите Нации во Њујорк на кој би се расправало за повеќе светски проблеми – од сидата до корупцијата.
XS
SM
MD
LG