Достапни линкови

Граѓаните се поретко користат телефон


Статистичките податоци покажуваат дека македонските граѓани се помалку ги користат услугите на македонски телекомуникации. Бројот на телефонските импулси е намален за 20, 3 отсто, а обемот на телефонските разговори во 2003-та во однос на претходната година, бележи намалување од 7,8%. Причината за ова е зголемувањето на цената на телефонскиот импулс, но и односот на Македонски телекомуникации кон своите потрошувачи. Револтот на граѓаните, посебно се актуелизира со секое наредно исклучување на претплатиниците, кои според Телеокомот, нередовно си ги плакаат сметките, а според кажувањето на граѓаните пак, компанијата исклучува бесправно и во случаи кога сите долгови се подмирени:

„Вклучиле тие конференциска врска за три учесника, без да барам јас и се сум платил.“

Здружението за заштита од монополски услуги Демос, на оштетените грагани им нуди бесплатна правна помош, и за одредени случаи оттаму најавуваат тужба против Телекомот:

„Ние имаме ангажирано адвокати, правници коишто ја познаваат таа проблематија, за граѓаните коишто се исклучени и покрај тоа што си ја платиле сметката. За тие граѓани ќе бараме 2,000 евра оштета.“

изјавува Миле Митановски претседател на ДЕМОС.

Од управата за телекомуникации пак апелираат до оштетените грагани да се обратат до оваа институција која е единствено надлежна, во случаи кога ќе се утврди дека некој граѓанин е оштетен, да го разреши случајот.

„ Одзивот е многу слаб, да не речам никаков и граѓаните воопшто, не знам од кои причини не се јавуваат кај нас. Ние повторно го повторуваме тој апел, значи отворена е можноста сите граѓани коишто се бесправно оштетени, односно исклучени да се јават кај нас, меѓутоа нормално аргументирано.“

потенцира директорот на Управата, Коста Трпковски.

Ставот на македонски телекомуникации, во однос на реакциите на граганите е дека воглавно се исклучени корисници кои имаат договори за плакане на рати, а кои не ги испочитувале и потенцираат дека сите корисници навремено биле информирани за акцијата на исклучување. За сите забелешки, Телекомот ги повикува граганите да се обратат до нивните пунктови каде што ке добијат соодветна информација.
XS
SM
MD
LG